387
Белгискиот експерт Питер Ванхауте на забавен начин преку модифицирана игра „Не лути се човече“ со фрлање коцки ги учеше вработените во Собранието како да ја унапредат работата и го зајакнат професионализмот и етиката, објави порталот СДК.мк.
Вработените во Собранието рекле дека Ванхауте на обуката им поделил игра слична на „Не лути се човече“, на која имало наведено различни ситуации и прашања поврзани околу функционирање на Собранието, на кои требало да дадат креативен одговор.
Целта на проектот бил обучување на обучувачи, и зајакнување на професионалноста, работната етика и интегритетот меѓу вработените во Собранието.