Можно е да се постигне 2/3 мнозинство во парламентот. Сепак, се надевам дека актуелната коалиција нема да ги “купи” тие гласови, туку може да го добие мнозинството со убедување на пратениците врз основа на аргументи, вели во интервју за Фактор Питер Ванхојте, поранешен посредник на Европската Унија во преговорите меѓу партиите во Македонија во Пржино, на прашање за двете сценарија на премиерот Зоран Заев по референдумот.
Според Ванхауте предвремените парламентарни избори не можат и не треба да бидат опција. Вели дека ЕУ треба да ја притисне Грција да не инсистира на исполнување на роковите од Преспанскиот договор, за да се консолидира и Македонија.
-Главната причина за резултатите од референдумот е фактот дека Избирачкиот список на гласачи сѐ уште е многу проблематичен. Покрај тоа, треба да се земат во обзир луѓето што живеат надвор од земјата. Ова има врска со обврската за престој во земјата. Многу од нив едноставно го немаат ова повеќе, или само прикажуваат лажен престој каде што тие или нивните роднини порано живееле. Верувам дека овој систем треба темелно да се разгледа – вели Ванхауте.
Според него доколку Договорот од Преспа пропадне, процесот на преговарање треба да се рестартира во различни услови.
Ванхауте со критика и до опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Изразува сомнеж дека партијата би моела да преговара за подобар договор со Грција, и ако е така тоа требало да го сторат веќе одамна.
-Во многу земји, партиите како што е ВМРО-ДПМНЕ може да бидат ослободени од учество на избори се додека не го исчистат внатрешниот хаос. На партијата што во суштина не е демократска не треба да и биде дозволена да учествува во секој демократски процес. Јас верувам дека ВМРО-ДПМНЕ и натаму има многу компетентни политичари кои би можеле да направат одлична работа како членови на една конзервативна партија. Навистина се надевам дека еден ден оваа партија ќе се врати на вистинскиот пат и навистина ќе се придржува до демократските вредности во рамките на партијата и надвор. Впрочем, ВМРО-ДПМНЕ не е подготвена за избори сè додека нема сериозни внатрешни реформи што ќе им овозможуваат на сите членови да се обединат зад платформа за демократска партија. Можам само да се надевам дека оваа партија, како што е случај и за сите други партии, ќе научи да се фокусира на тоа како да ги зближи луѓето за да се справат со вистинските приоритети, наместо да ги делат со националистичка реторика – додава тој.