452
Додека трае неизвесноста дали ќе продолжат преговорите на партиите околу медиумите и околу исполнувањето услови за фер избори, посредникот од Белгија, Питер Ванхауте, продолжува да објавува пораки преку неговите мачки кои ги нарекува гласници. Во последните пораки тој напиша дека како турист не може да најде стан за краток престој оти сите биле поплнети алудирајќи на тактиката на власта која во стан од 40 квадрати сместува и по 50 гласачи.
Во втората порака Ванхауте нпиша „Гледам на мапата имам две држави, едната вистинска и едната фантомска“ со која испраќа сигнал дека на ЕУ и нему како посредник им е се јасно, дека избирачкиот список врие од фантомски гласачи и дека тешко ќе оди прочистувањето на списокот.