587
Aферата „Рекет“ можеби докажува зошто Специјалното јавно обвинителство не го почитуваше начелното правно мислење на Врховниот суд дека СЈО не е овластен тужител по истекот на мандатот од 18 месеци од формирањето на институцијата, вели за ТВ 21 претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски.
-Непочитувањето на ова мислење отвора сомнежи дека отворените случаи по 30 јуни 2017 се започнати со цел да се злоупотреби СЈО. Така личи од сегашна перспектива. Но, тоа е само логична претпоставка – вели Вангеловски.
На 4 мај годинава, Врховен суд ги укина мерките куќен притвор за тројцата обвинети во случајот „Империја“ – Орце Камчев, Цветан Панделевски и Ненад Јосифовиќ, кои претходно поднесоа жалба до Апелација.