Граѓаните живеат скромно, но не се гладни за храна, потребно им е спроведување на правото и на законите, рече претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски во своето денешно обраќање во Врховниот суд, по повод одбележувањето на 31 Март Денот на правосудството.
Вангеловски оцени дека македонското судство е поефикасно од порано, но дека и понатаму претстои работа. За корупцијата не треба да постои никаква толеранција, рече првиот човек на Врховниот суд, додека за независноста на судството рече дека е гарантирана со Уставот и дека судиите треба да бидат самостојни во носењето на одлуките
Македонија, истакна, не смеела да дозволи да и се случи извештајот на Прибе.
-Наводите од него се сериозен показател дека треба да ги активираме сите механизми за спречување на влијанијата врз судството и унапредувањето на независноста, како на институционално така и на поединечно судиско ниво. Судството не смее да биде предмет на политички маркетинг, судиите треба слободно и независно да ја вршат својата функција, никој не смее да влијае врз судијата при донесувањето на одлуките, да му се заканува со разрешување, реизбор, да го повикува на одговорност за донесената одлука – посочи Вангелов
Тој додаде дека интегритетот на судијата е најважен и дека судијата треба самиот да ја штити личната незвисност и непристрасност.
– Во таа консталација на меѓусебна контрола и соработка, извршната и законодавната власт треба да гарантираат дека судовите се независни и дека не се прифатливи мерки кои можат да ја доведат до опасност нивната независност. Треба да го обезбедат и почитуваат авторитетот на судската власт, а судската власт е таа која е стабилна и трајна и која треба да суди објективно, чесно врз основа на Уставот, законите и меѓународните договори – посочи претседателот на Врховниот суд.