„Од 2010 година до 2013 година и за време на притворот, па и после тоа помалку се плашев за својот живот и слобода, отколку сега со Горан Николовски на чело на УБК и составот дуо-трио Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска од СЈО. Јас искрено се плашам од мојата безбедност денеска повеќе од овие луѓе монструми по мене, отколку тогаш“, рече Ване Цветанов – поранешен директор за финансиско разознавање за време на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.
Џабир Дерала го праша Цветанов:
Се плашиш дека ќе те убиијат?
Цветанов: Да!
Дерала прецизираше: Од луѓето кои ги спомена?
Цветанов децидно одговори: Да! УБК заедно во конструкција со овие.
Водителот Љубиша Цветкоси го праша Цветанов дали некаде пријавил, на што Цветанов одговори:
„Нема потреба да пријавам, зошто да пријавам? Кај кого да пријавам? Кај директорот на УБК? Кој што е генератор на злото?“, додаде Цветанов.