Извршниот директор на Ајакс, Едвин ван дер Сар го прокоментира четвртфиналниот судир во Лигата на Шампионите, кој ги спротивставува неговиот клуб против Јувентус.
Холандскиот тим е сметан за аутсајдер во овој судир, но поранешниот голман, кој бранел и за двата тима, смета дека амстердамци имаат реална шанса да ги отстранат италијанскиот шампион.
– Ова ќе е возбудлив судир против Јуве. Ние сме среќни што сме во четвртфиналето. Тимот играше на високо ниво против Реал Мадрид и се надевам дека ќе ја повториме истата игра и против Јувентус во Амстердам. Играчите веруваат во своите способности, дека можат да го елиминираат Јуве. Имаме млад тим, но додадовме и доволно искуство со привлекувањето на Тадиќ и Блинд. Се уште сме во Лигата на Шампионите и имаме свои шанси против Јувентус, откако веќе го победивме Реал Мадрид и игравме одлично против Баерн, изјави Ван дер Сар.
Тој зборуваше и за својот поранешен соиграч од Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, кој сега е ѕвезда на Јувентус, но е повреден и не е сигурно дали ќе може да игра во Амстердам.
– Го познавам Кристијано добро. Игравме заедно 4 години. Знам колку брзо се опоравува неговото тело и колку е силен психички. Тој ќе стори сé за да биде подготвен за натпреварот, бидејќи сака неговиот тим да продолжи напред. Тоа сепак е целта и на Ајакс, додаде шефот.