Ваљон Бела е нов економски директор на скопска Гинекологија

by Fokus

По шест години, скопската Клиника за Гинекологија доби нов економски директор, дознава „Фокус“ од извори во болницата. Од денеска со парите на клиниката ќе управува Ваљон Бела, кој доаѓа од редовите на ДУИ.

Според нашите информации, новиот економски директор од денеска почнал со работа. Тој претходно работел во општина Чаир.

Откако СДСМ ја презема власта, ветија дека јавните здравствени установи нема повеќе да имаат по двајца директори, проект кој во 2006 година го воведе ВМРО-ДПМНЕ, односно во историјата ќе заминат економските директори. Тоа не само што не се случи, туку денеска по речиси шест години, Гинекологија доби нов економски директор.

Економските менаџери на клиниките земаат повеќе од 1.000 евра плата.

И.М.

Поврзани новости