0
Со паролите „Ние сме гласот на Фросина“ и „Валкани пари – смртни последици“ стотици граѓани денеска во Скопје тргнаа на протестен марш поради убиството на младата Фросина Кулакова.
Протестот започна пред Универзална сала каде се собраа пријателите, родители, но и граѓаните побараат правда за 22 годишната девојка која на 29 јануари, беше прегазена додека минувала на пешачки, од автомобилот на 20-годишниот возач Васил Јованов, кој според официјалните информации, немал возачка дозвола, имал алкохол во себе и поминал на црвено.
Протестот ќе биде пред Владата, Собранието и Апелациониот суд.