Општина Валандово која е организатор на реномираниот фолк фестивал Валандово, распиша меѓународен конкурс за избор на композиции за 36-то издание на фестивалот кој ќе се одржи оваа година. Авторите треба да достават оригинална композиција, напишана за вокал и народен оркестар, изработена во духот на македонската народна музика, која досега не е изведена.
Потенцирано е дека на конкурсот нема да бидат земени на разгледување песни во кои се промовира говор на омраза, расна или верска нетолеранција, во кои се кршат човековите права или се заговара за употреба на недозволени средства. Минатата година фестивалот имаше променет концепт, со три вечери, од кои првите две се концертни, на отворено, а пак третата вечер се одржува натпреварувачката вечер во фестивалската сала ,,Јанко Узунов”.
На отворено, пред сцената на која беа поставени маси и столици, присутните уживаа во настапите на популарните музички имиња. Гостите го поздравија новиот концепт на настанот, кој ги врати во старите времиња на серенадата, со топлината специфична за малите градови.
Вики Клинчарова