545
По повод празникот на жената “8ми Март”, градоначалникот на општина Валандово, Перо Костадинов, оваа година наместо подароци, одлучи финансиските средства предвидени за празникот во висина од 20.000 денари да ги донира во “Интервентниот женски фонд”.
„Фондот е наменет за помош на жени кои се жртви на насилство и кои сакаат да ја напуштат насилната средина. Иницијалната помош е потребна за обезбедување на медицинска документација, извештаи од специјалисти, за ангажирање адвокат до моментот на добивање бесплатна правна помош, како и други итни мерки за поддршка на жената да излезе од насилната врска“, велат од Општината.