801
Руските вакцини „Спутник В“ требало да стигнат во земјава до крајот на мај, но такво нешто не се случило. Здравствените власти очекуваат информација од Амбасадата на Руската Федерација во врска со дистрибуцијата.
„За „Спутник“ и „Синовак“ сè уште немаме точни датуми. „Спутник“ беше најавено дека ќе биде на крајот на мај, но не стигнаа, вчера разговарав со рускиот амбасадор и зеде обврска да искомуницира со институтот во Москва и да даде повратни информации. Најавата за „Синовак“ е за почетокот на јуни и така кажаа дека првите десетина дена треба да ги очекуваме. Имунизацијата нема за запре, завчера стигнаа вакцините на „Фајзер“, тие ќе бидат дистрибуирани“, истакна денеска министерот Филипче.