Вакцинираните во Србија треба дa ги внесат податоците и тука, за да им се признаени сертификатите

by Fokus

Нашите граѓаните, кои се вакцинираа против ковид-19 во Србија или во која било друга земја, може да отидат во некој од вакциналните пунктови во земјава за да ги внесат податоци и во тукашниот систем, со цел да им бидат признаени странските сертификати во нашиот систем, а со тоа и да го добијат европскиот сертификат како што е случај со оние што се вакцинирале во земјава.

„Кои било наши граѓани вакцинирани каде било во странство може да се јават во кој било пункт за вакцинација за да се внесат тие податоци. Причината зошто треба физички да дојдат е да се дадат веродостојни податоци и да им се идентификува идентитетот дека се навистина тие граѓани што се пријавуваат, а со цел да можеме да разговараме и за апликацијата ’Комун пас‘ и европскиот сертификат, тие сертификати што ги добиле во други земји да бидат признаени и ние да ги признаеме во нашиот систем и да добијат ист таков европски сертификат како граѓаните што се вакцинирале кај нас“, истакна Филипче.

Тој вели дека вакцинираните во странство нема потреба повторно да патуваат за да примаат трета доза, туку на ваков начин може да ја добијат третата доза и кај нас. Нашиот Комитет за имунизација, како што претходно соопшти Филипче, препорача трета доза за: сите граѓани над 60 годишна возраст; сите здравствени работници без разлика на возраста; сите пациенти што имаат имунокомпромитирана состојба, без разлика на возраста. Таа треба да се прими најмалку шест месеци по вакцинирањето со втората доза.

Поврзани новости