Со последната одлука на Кралството Холандија, се укинува задолжителниот карантин од десет дена за оние патници кои се целосно вакцинирани, без разлика дали доаѓаат од групата високо ризични земји, каде спаѓа и Северена Македонија.
Како што соопшти МНР, во исто време, и Кралство Шведска ја укина привремената забрана за влез во земјата. Со најновата одлука усвоена од Владата на Кралство Шведска, луѓето кои патуваат во Шведска и коишто можат да презентираат сертификат за вакцинација издаден во Северна Македонија, Сан Марино, Швајцарија, Турција, Украина или Ватикан, се ослободени од забраната за влез и од условите за тестирање.
Инаку, според одлуката на Европската комисија, сертификатите за вакцинација издадени во овие земји се еквивалентни на дигиталниот ковид-сертификат на ЕУ (што значи дека таквите сертификати можат да се проверат и потврдат на ист начин со користење на истите технички системи како и сертификатот на ЕУ).
Соодветно на високата стапка на вакцинација, слични олеснителни мерки кои би се примениле наскоро најави и Белгија, и тоа почнувајќи од први октомври. Покрај проширувањето на употребата на ковид-сертификатот, од Белгија најавија и намалување или целосно укинување на обврската за носење заштитни маски, стои во соопштението од МНР.