Вакцинирани околу 120 лица во поликлиниката „Јане Сандански“ со руската вакцина „Спутник В“

by fokus

Во поликлиниката „Јане Сандански“ каде денеска почна вакцинацијата со руската вакцина „Спутник В“ досега се вакцинирани 116 лица, информираа од оваа здравствена установа за МИА.

Очекуваат до крајот на денот да бидат вакцинирани околу 180 лица. Пунктот за вакцинација работи до 20 часот.

Руската вакцина пристигна викендот. На скопскиот аеродром во неделата пристигнаа првите 3.000 дози од оваа вакцина.

Освен во поликлиниката „Јане Сандански“, процесот на вакцинација се одвива и во поликлиниката „Букурешт“ каде во тек е ревакцинација со вакцината на „Фајзер“.

Поврзани новости