Вакцинирани над 200 деца кои ги пропуштиле вакцините од редовниот календар

by Fokus
Министерството за здравство соопшти дека досега се вакцинирани над 200 деца, кои ги пропуштиле вакцините од редовниот календар за имунизација. 
Медицински екипи од центрите за јавно здравје во земјава ги вакцинираат овие деца во рамки на кампањата „Од врата до врата“ организирана од Министерството за здравство и Светската здравствена организација, која почна на 24-ти април годинава, како дел од Европската недела на имунизација.
Кампањата се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, а досега се поделени 4.000 информативни брошури за предностите од редовна вакцинација. 
 
„Во акцијата се вклучени повеќе од 30 медицински тимови, кои до крајот на овој месец планирано е да посетат 2.900 семејства, во над 120 населени места. Тимовите составени од здравствени работници ги презентираат бенефитите од имунизација, а воедно вршат и администрирање на вакцини против Ковид-19 и рутинска вакцинација“, соопшти Министерството за здравство

Поврзани новости