Вакцинирани близу половина полнолетни граѓани

by fokus

Со една доза на вакцина против ковид-19 вакцинирани се 44,6 проценти од населението над 18 годишна возраст, а вкупно 54 отсто од граѓаните над 40 години имаат примено барем една доза на вакцина, информираат од Министерството за здравство.

Приоа, најголем опфат со една доза на вакцина има во Неготино со 63,4 проценти, во Кавадарци со 62,3 отсто и во Охрид со 61,4 проценти.

Во тек е вакцинацијата во сите вакцинални пунктови во државата, каде граѓаните можат да се вакцинираат без закажан термин.

Процесот на вакцинација со домашна посета, пак, се одвива со претходно искажана заинтересираност до најблискиот пункт на местото на живеење.

Министерството за здравство информира дека вакцини има во доволен број и апелира на вклучување во процесот на вакцинација, особено помладата популација.

Од таму нагласуваат дека вирусот не ги исклучува младите, а на тоа укажуваат бројките од последните анализи.

Поврзани новости