Вакцини

by Fokus

По силната „стручна јавност“, експертски посветена на проблемот со вакцините (Астра Зенека не ги бива, тие се вратени од Швајцарија, тие се расипаните од Јужна Африка, тие се отровни…) на крај сето тоа падна во вода, кога истите тие отровни, расипани, вратени вакцини си најдоа свое место во светот на нормалните народи, си спасуваат животи и си ги отвораат школите за своите деца да си ги описменат. Ние ќе останеме на ФБ со ова нашите стручњаци за сѐ и сешто. Децата ни останаа дома без школо, неписмени. Продолжете со таа вашата стручност. Далеку ќе стигнеме.

Пишува Петар БОГОЈЕСКИ, политички и граѓански активист

Срамота било да се потрудиш да најдеш вакцини за својот народ, а не било срамота да дремеш во Влада, да земаш државни пари, а да не си кадарен да купиш една единствена вакцина. Тука сериозно треба да се прашаме, кај кого е срамот? Во услови кога секој одговорен политичар во светот, свесен за состојбата со пандемијата и за битката за вакцини што претстои, навреме си обезбедиле договори со сите светски производители и сега се комотни што навреме ќе си го заштитат својот народ. Ама ова големите фаци од власта во Македонија, кај неспособни, па уште бодат. Кај не се снајдоа со мерките за ковид, кај направија хаос во земјава, кај неспособни да предвидат дека ќе има војна за вакцини, кај не се потрудиле да обезбедат барем еден договор со барем еден производител, кај пијани од власта, кај големи ѕвезди на малото македонско небо, кај уште плукаат по оние кои од немајкаде се обидуваат да помогнат.

Млада држава е Македонија. Уште не сме си ја докажале потребата од самостојно постоење на самите себе, а не, пак, пред другите во светот. Имаме потреба да се докажеме дека нѐ бива, дека Македонија знае и може сама, дека ја оправдавме причината поради која прогласивме независност. За да ја стекнеме почитта на другите, особено на соседите, за да бидеме респектирани како достоен фактор на меѓународна сцена, ние мора да покажеме потентност како држава. Во светска криза, кога се мешаат картите, тоа е совршена шанса за нас. На маката, јунаци се познаваат. Така Македонија имаше шанса да се покаже дека јуначки се справува со пандемијата, малата балканска земја да биде пример за големите држави низ светот. Ама не, не можело така, газдите на власта не им даваат Македонија да биде држава.

Многу важно било прво од Србија да пристигнат вакцини, многу важно било да се докаже дека без Србија не можеме и не нѐ бива, многу важно било да си докажеме самите на себе дека не нѐ бива, а потоа можело друго. Тоа ни го соопшти премиерот на Македонија, господин Зоран Заев. Која бламажа, кој срам? Па, не можам ниту на очите, ниту на ушите да си поверувам. Ја избламираа Македонија прво во очите не секој еден македонски граѓанин, а потоа во очите на целиот свет. Само партиските загари на СДСМ доживеаја колективен електричен оргазам од големината и значењето на Србија во нашите животи. Завалијата сте загари. Грам разлика нема меѓу вас и грујоспиите од времето на режимот.

ОД ВЛАДАТА НЕ СЕ СПОСОБИ ДА НАБАВАТ НИТУ ЕДНА ВАКЦИНА, А НЕ МИЛИОНИ 

Зарем е реално еден обичен Македонец, да помогне во оваа ујдурма и да најде вакцини за Македонија. Секако да. Многу едноставно, наместо како неспособните министри да се обраќаш до треторазредни амбасадори што се испратени во жална Македонија по казна, со чесни исклучоци на неколку што се тука испратени да ја спасат државноста на нашево државиче, ќе се обратиш на повисоко ниво и ќе се снајдеш во светот на ковид-џунглата. Хиени се борат за парче вакцина, секаде секој се снаоѓа како може, а ако имаш пријатели и можност да помогнеш за својата татковина, зошто да не? Така доаѓаш до изворот од каде што течат милиони вакцини низ светот, денес ги има, утре ги нема… веќе некоја хиена ги собрала за себе… и кажуваш овие ги сакаме за нас Македонците.

Во ред, ги имате на неколку дена, да почнеме постапка и ќе бидат испорачани во Македонија на аеродромот со многу имиња. Им соопштуваш на надлежните за набавката, а тие меѓусебно се караат кој е поголем фраер. Кој е заслужен за тоа, а еден од нив отворено кажува да бев јас фраерот со твојот труд пред јавноста, дека сум средил работа, а не ти со својот труд, ќе се завршеше работа. Вака по цена да умираат луѓе, нема да дозволиме ти да се промовираш. Дно, дно од луѓе. Кавгата меѓу власниците на Македонија трае со денови, а вакцините си заминуваат кај паметните држави. Беа 10 милиони, па станаа 5 милиони… сите заминаа… па имаме нов 1 милион на располагање… и тој ќе си замине и така натаму. А кавгата меѓу македонските владини ѕвезди трае и трае.

По силната „стручна јавност“, експертски посветена на проблемот со вакцините (Астра Зенека не ги бива, тие се вратени од Швајцарија, тие се расипаните од Јужна Африка, тие се отровни…) на крај сето тоа падна во вода, кога истите тие отровни, расипани, вратени вакцини си најдоа свое место во светот на нормалните народи, си спасуваат животи и си ги отвораат школите за своите деца да си ги описменат. Ние ќе останеме на ФБ со ова нашите стручњаци за сѐ и сешто. Децата ни останаа дома без школо, неписмени. Продолжете со таа вашата стручност. Далеку ќе стигнеме.

По комуникациите со највисоките претставници на Владата, стана јасно дека не се способни да набават ниту една вакцина, а не, пак, милиони од нив. Или, пак, газдите не им дозволуваат тоа да го направат зашто Македонија не смее да покаже потентност, односно дека Македонија не е вистински независна држава. Со цел да се извадат од кашата, пуштија едно бледо соопштение на Министерството за смрт, пардон за здравство, со кое освен лаги, друго не соопштија. Ниту имаат поим за која нарачка на вакцини станува збор, ниту ја имале некогаш во понуда, ниту, пак, сме биле уценувани да купиме или 5 милиони или ништо. Тотални лаги и измислици. Можеме да купиме и 50 вакцини ако сакаме. Никој со ништо не нѐ услови, само имавме шанса да искористиме помош од пријатели. По тоа скандалозно соопштение на Министерството за смрт, стана јасно дека ќе се вклучи Центарот за лаги на СДСМ, ист како оној Центарот за манипулации на Грујо, и ќе проба да ме омаловажува со цел да ја направат приказната неверодостојна за македонската јавност. Во ред момчиња, ама додека вие се занимавате со манипулации и лаги, ни умира нашиот народ. Но, вие не сте криви, кај народот е кабаетот. Наместо да стане и да ве земе на клоци што не сте способни ништо да направите, тие влегуваат во вашиот филм и кој прв да плукне. Плукај, бе братучед, плукај.

Јас толку можев, толку направив. Не можев повеќе. Такви вакцини можев да најдам, такви најдов. До толку ми се можностите. Ти што направи за својот народ, бре братучед?

Поврзани новости