За сега планот е вакцинацијата да се одвива тука во Скопје, во Модуларната болница, а вработените во ковид-центрите од другите болници во текот на викендот и почетокот на следната недела ќе доаѓаат тука. Понатаму, вакцините ќе се дисперзираат низ целата држава, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Министерот очекува за период од една недела до најмногу 10 дена да се вакцинираат сите здравствени работници.
– Планот е вакцинацијата да се одвива тука во Скопје, заради тоа што овој персонал е трениран и едуциран за оваа вакцинација, сега интензивно во овие изминати денови и вработените во ковид-центрите во другите болници во текот на викентот и почетокот на следната недела, кога доаѓа распоредот, ќе доаѓаат тука. Понатаму, вакцините ќе се дисперзираат низ целата држава, изјави Филипче во одговор на прашање, по почетокот на вакцинацијата во Модуларната болница.
Тој додаде дека капацитетот на пунктот на шест работни места е максимум 500 лица на ден, но како што рече, ќе започнат со вакцинирање на 300 до 350 лица.
– Капацитет на овој пункт овде на шест работни места е максимум 500 на ден, ние ќе започнеме со распоред од 300 до 350, така што очекувам за период до близу една недела до најмногу 10 дена ќе се вакцинираат сите здравствени работници, а во меѓувреме ќе стигнат и тие дополнитлени дози од Белград, додаде Филипче.