560
Вакцинацијата не треба да биде услов за влез во земјите од Европската унија, туку дигитален сертификат за корона вирус, што подразбира доказ дека некое лице е вакцинирано, има негативни резултати од ковид-тест или се води како оздравено, изјави портпаролката на Европската комисија Џордис Фероли.
Сепак, ова е само препораки на Европската комисија до земјите членки како да се однесуваат за време на пандемија и државите не се обврзани да го прифатат тоа и секоја постапува според сопствените внатрешни правила. ЕК веќе воспостави зелена листа на која се вклучени сите земји во кои има помалку од 75 заразени на сто илјади жители, а се препорачува нивните граѓани слободно да влегуваат во земјите членки на ЕУ, а од други само по потреба.