660
Главниот британски научен советник Патрик Воленс денеска изјави дека вакцините против Ковид-19 се адекватни во генерирање на имунолошки одговор и на новата, пренослива варијанта на корона вирусот.
Воланс, исто така, изјави пред новинарите дека се потребни повеќе мерки за јавно здравје за да се држи под контрола новата варијанта на вирусот.
Неговата изјава доаѓа кратко време откако премиерот Борис Џонсон најави поостри рестриктивни мерки за Лондон и југо-истокот на Англија.