За да се стекне целосен имунитет, луѓето веројатно ќе треба да се вакцинираат против новиот коронавирус двапати, пишува Ју-Ес-Еј Тудеј. Интервалот помеѓу двете дози веројатно ќе биде околу еден месец, а можно е дека ќе биде потребна дополнителна доза (booster) неколку години подоцна.
Научниците ширум светот работат на создавање на вакцина против вирусот предизвикувач на ковид-19 и сега веќе имаат индиции за тоа како би можело да изгледа вакцинацијата.
Две дози се веројатни затоа што е нов вирус и луѓето немаат антитела. Првата доза треба да го подготви имунолошкиот систем и да му помогне да го препознае вирусот, а втората ќе го зајакне имунолошкиот одговор.
-Повеќе од стотици кандидати за вакцини се во различни фази на тестирање низ целиот свет и речиси сите се очекува да бидат на режим со две дози. Колку што знам, сите истакнати фармацевти размислуваат за две дози. Единствен исклучок е Мерк, кои се надеваат дека ќе ја развијат вакцината во една доза, вели Бери Блум, имунолог и професор по јавно здравје на Харвард.
Според Кели Мур, директор на Коалицијата за акција за имунизација (ИАЦ), невладина организација која соработува со американскиот Центар за контрола на болести и превенција, точната доза ќе биде јасна кога ќе се дознаат резултатите од клиничките испитувања на потенцијални вакцини кај луѓето.
-Ќе го имаме одговорот по тестирање врз луѓето. Тогаш ќе го знаеме имунолошкиот одговор. Тестирањето на животните покажува дека ќе бидат потребни две дози, рече таа.
Протокол за вакцинација со две дози на национално ниво бара координација и прецизно управување со податоците. Државите досега обезбедија информации дека децата ги добиваат сите потребни вакцини, а сега истите ќе треба да го сторат истото за голем број возрасни наведува весникот.
Не е познато дали една рунда вакцинација ќе биде доволна. Некои вакцини, како онаа против сипаници, создаваат доживотен имунитет. Ова е затоа што овој вирус е стабилен. Но, вирусот на грип има неколку видови и постојано мутира, поради што треба да се „ажурира“ секоја година.
Досега, SARS-CoV-2 се чини дека е релативно стабилен, посочувајќи дека после вакцинацијата, луѓето би можеле да добијат имунитет за подолг временски период, рече Блум.