584
Земјава ќе ги следи странските искуства во однос на вакцината на „АстраЗенека“, кои укажуваат дека таа не е ефикасна кон популацијата постара од 65 години, истакна денеска д-р Александра Грозданова на прес-конференцијата со министерот Венко Филипче, кој претстави план за вакцинација во 3 фази.
-Информациите за „АстраЗенека“ ги следиме на тековна основа. Искуството од другите земји како Франција, Шпанија кажуваат дека оваа вакцина нема ефект кон постарата популација. Ние овие препораки ќе ги следиме и очекуваме дека оваа вакцина ќе биде дадена на лицата под 65 години. Не значи дека оваа вакцина е штетна туку таа дава помалку ефект кај постарата популација – вели Грозданова.