Ваквите злоупотреби и прекршувања на Законот за надворешни работи никогаш не биле, не се и никогаш нема да бидат вистинскиот пат за градење сериозна дипломатија, реагираат од Македонскиот дипломатски синдикат, по повод последниот случај на упатување генерален конзул во конзулатот во Њу Џерси.
„Уште веднаш треба да запре злоупотребата на оваа репрезентативна професија од страна на политички субјекти кои ја користат можноста за упатување несоодветни кадри на високи дипломатски и конзуларни позиции по секоја цена. Законот за надворешни работи прецизно ги пропишува условите за вакви упатувања, а неодамна донесениот Етички кодекс на Владата дополнително го насочува профилирањето на ваквите потенцијални кадри“, истакнаа од МДС.
Доколку овие норми не се почитуваат, додаваат од таму, се побргу ќе оди разградувањето на дипломатската служба, а натрапниците кои се само на краткотрајно поминување низ неа, исклучиво за личен бенефит и билдање на своите биографии, ќе бидат се побројни.