Не знам дали Северна Македонија навистина сака да биде членка на ЕУ со спроведување на промените во преговарачката рамка. Јас сум пријател на Бугарија, изјави во интервју за БГНЕС известувачот на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц.
На прашањето на дали сегашната влада на Северна Македонија навистина сака да ги спроведе промените од преговарачката рамка и да стане членка на ЕУ, Вајц одговорил дека не знае, но она што го знае е дека мнознството во ЕП сака да ја поддржи земјата и целиот регион за подобар економски, политички и социјален развој.
– Знам дека и јас самиот се обидувам да го поддржам процесот на пристапување на сите шест земји од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Северна Македонија, изјави тој.
На прашањето дали Мицкоски „спровел организирана кампања во Брисел“ за да влијае врз документот, Вајц одговорил дека ја работи својата работа врз основа на фактите и што е можно пообјективно.
– Мојата единствена задача е да анализирам каде се наоѓа земјата во однос на европското право, владеењето на правото, независноста на судството, медиумите… И токму тоа го направив во овој извештај, додаде тој.
За тоа дали Европскиот парламент и АФЕТ имаат надлежност да го валидираат јазикот и/или идентитетот, Вајц посочи дека овој извештај е за состојбата на земјата во процесот на пристапување.
– Да, дел од тие вредности е правилното вклучување на малцинствата. Во овој случај, имаше многу дебати за вклучувањето на бугарската заедница, што е одразено во текстот. Но, покрај тоа, како што реков, станува збор за државата, за владеењето на правото ова е процес базиран на заслуги, а билатералните прашања треба да се решаваат меѓу самите земји, изјави тој.