Вајгл: Партиите прифатија да разговараат во Париз

by fokus

Специјалниот известувач за Македонија, Иво Вајгл, денеска изјави дека партиите начелно потврдиле присуство на средбата во куќата на покојниот француски политичар и дипломат Жан Моне во Париз.

-Во секој Парламент во светот партиите не се согласуваат по сите прашања, бидејќи имаат различни позиции. Тоа што се случи во овој Парламент на 27 април беше болно искуство за сите и мислам дека сите политички партии извлекоа некоја лекција и сега се подготвени да работат на подобрување на заедничките и демократски врски, вели Вајгл.

Во изјавата известувачот тврди дека оваа иницијатива не е замена ниту продолжение на Пржинскиот договор, туку дијалог кој би ја зголемил емпатијата и би придонел за конструктивно функционирање на македонскиот Парламент.

Поврзани новости