658
Малолетник вчера прегазил пешак во сообраќајна несреќа во Крива Паланка, информираа од МВР.
Според полицијата, вчера околу 14,30 часот било пријавено дека во Крива Паланка на ул.„Св. Јоаким Осоговски“ патничко моторно возило “Ауди А-3“ со скопски регистерски таблици управувано од 16 годишен малолетник од Крива Паланка, изгубилo контрола над возилото и удрилo во пешакот Н.И. (44) од Крива Паланка, а потоа удрилo и во бетонски ѕид и бандера. Од здобиените повреди при незгодата, Н.И. починала на самото место, додека возачот се здобил со телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.