В сабота масовно ќе се чистат сите скопски општини

by fokus 11:02
11:02

По повод Светскиот ден на чистењето  – 21 Септември, ЈП „Комунална хигиена“– Скопје и Градот Скопје организираат масовна акција за генерално чистење на сите скопски општини.

Во рамките на акцијата ќе бидат отстранети и графитите со навредлива содржина, коишто промовираат говор на омраза, верска и етничка нетрпеливост.

- Advertisements -

„Воедно, во периодот од 21.09. до 24.09.2019 година, во секоја општина ќе бидат поставени специјални садови во коишто граѓаните ќе можат да го одлагаат кабастиот отпад  – стариот мебел и отпадот од електронската и електричната опрема.

Садовите за одлагање кабаст отпад ќе бидат поставени на следните локации:

Општина Чаир:

– раскрсницата меѓу булеварот Цветан Димов и улицата Коста Абрашевиќ

– раскрсницата меѓу улиците Џон Кенеди и Дижонска

– ул. Ресенска, до ресторанот Фа-Фа

Општина Аеродром:

 бул. Февруарски поход, во близина на супер маркетот „Рамстор“,во близина на автобуската    постројка на последна 5-ка

 бул. АВНОЈ број 68 – 74 во непосредна близина на маркетот М

 нас. Лисиче, ул. Димитар Туриманџоски, по полициската станица

Општина Шуто Оризари:

– во близина на Жито Лукс

-спојот меѓу ул.Брсјачка буна и ул.Нов живот, кај Спортската сала

-спојот меѓу ул. Нов живот и Гвадалахара, во близина на автобуската постројка на последна 19-ка

Општина Гази Баба:

-нас. Автокоманда, ул.Лазар Поп Трајков (пред напуштениот објект на Центро)

-ул. Маџари, кај ресторан Далија

-нас.Железара, кај автобуската постројка на последна 16

Општина Бутел:

-ул. Груица Војвода (зад кино Бутел)

-сквер на ул. Хо Ши Мин и ул. Рудо, Бутел 1

-Кај спортската сала Иван Хаџи Николов во Радишани

Општина Кисела Вода:

-ул.Ратко Митровиќ, до Спортската сала

-раскрсница на ул.Христо Татарчев и ул.Дебарска, кај Гет кафе

-Парк Пушкин

Општина Центар:

– спроти Вучко на аголот на улиците Костурски херои и Ул. Борка Талевски

– кај кружен тек во Дебар маало на Ул. Наум Наумовски Борче

– кај Зелен пазар, на паркингот зад Макпетрол, до подземните контејнери

Општина Карпош:

 ул. „Брадфордска“, во близина на ресторанот „Македонска куќа“, во Козле;

 ул. „Женевска“, кај автобуската постројка на последна „24“, во Тафталиџе 2;

 ул. „Ванчо Мицков“ бр.50, кај постоечките контејнери на ЈП Комунална хигиена – Скопје

Општина Ѓорче Петров:

-ул.Даме Груев, десно по Ромското маало

-нас. Хром, ул. Воин Д., до спортското игралиште

-нас.Дексион, кај автобуската постројка на последна 5-ка

Општина Сарај:

на патот за Грчец, кај Халк Банка

с.Кондово, кај Фурната“, соопштуваат од Град Скопје.

Поврзани новости