В понеделник координација во Собранието за францускиот предлог

by Fokus

Во понеделник би можело да се знае кога ќе биде дебатата за францускиот предлог во македонското Собрание. На редовната понеделничка координација во Собранието треба да се разговара за тоа кога би можела да се одржи пленарната седница за Информацијата за содржината на предлог – преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Македонија со Европска Унија.

Неизвесно е присуството на координаторот на пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, кој побара Информацијата да и биде вратена на Владата бидејќи ги нема главните документи. Во однос на францускиот предлог вчера со став излегоа и Европската комисија и САД.

Поврзани новости