Откако владејчката СДСМ по завршувањето на Централниот одбор вчера вечерта ги обелодени имињата на новите министри кои доаѓаат од нивната партија, меѓу нив се најде и името на Јагода Шахпаска од Берово, која беше пратеничка во последниот собраниски состав од редовите на СДСМ.
Таа беше една од поактивните пратенички во Собранието, којa исто така беше доста активна и на телевизиските дебати со своите противкандидати од опозициската партија.
Шахпаска доаѓа на местото на ексминистерката Мила Царовска, која сега пак заминува во ресорот образование.
Таа по професија е лекар, специјалист по интерна медицина и беше претседател на Комисијата за здравство во Собранието, како и член на Комисијата за труд и социјална политика. Исто така, таа беше заменик член и на Комисијата за европски прашања.
Во нејзиното си-ви, кое може да се најде на собраниската страна, можат да се забележат сите нејзини активности:
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на балтичките земји Република Естонија, Република Латвија и Република Литванија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Романија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Швајцарската Конфедерација, членИ.М.