Исламска Верска Заедница (ИВЗ) во Република Северна Македонија ќе ги почитува правилата на транспарентно работење и во секој момент ќе овозможи изборни информации за медиумските претставници, најави Фетах Шаќири, вршител на должност Реис на ИВЗ.
Вршителот на должноста претседател на ИВЗ, реисот Шаќири истакна дека оваа институција се залага за целосна транспарентност кон медиумите и јавноста, односно тие имале и ќе имаат поеднаков однос кон сите домашни и странски медиуми.
„Ќе бидеме отворени за сите медиуми кои ќе имаат можност да поставуваат било какви прашања. Ние ќе соработуваме со сите албански, турски, македонски медиуми. Моментно сме многу зафатени со делегации, но ветувам дека ќе бидеме многу отворени со аргументи. Сакаме да имаме искрен однос со вас, без некоја предрасуда“, рече Шаќири.
Тој додаде дека медиумите ќе бидат поканети на сите настани на ИВЗ. Меѓутоа вршителот на должноста реис на ИВЗ, не одговори од кој причини е отстранет порашениот реис, Сулејман Реџепи. За разлика од неговиот претходник кој по молитвата на Рамазан Бајрам го прогласи коронавирусот за мртов, Шаќири, истакна дека ИВЗ од првиот момент била во служба на олеснување да се надмине оваа болест.
„Ние сме верска институција и не сме компетентни да зборуваме дали болеста е вистинска или не. Институции кој се професионални и компетентни потврдија дека во некои делови на државата вирусот почнал пак да се шири со поголема брзина. Јас апелирам уште повеќе да бидеми сериозни, одговорни и да дадаме придонес за што побрзо да излеземе од оваа состојба“, рече Шаќири.
Тој воедно потенцираше дека во сите џамии се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19.
Фото тв21