756
Утре продолжуваат состаноците и веројатно в четврток ќе биде донесена дефинитивна одлука за функционирање на градинките, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.
– Во однос на отворање на градинките, имавме интензивни состаноци и вчера и денеска. Беа присутни претставници и на градинките, државните и на приватните, на состанокот на Комисијата за заразни болести. Утре продолжуваат состаноците и веројатно в четврток ќе се донесе дефинитивна одлука за функционирање на градинките, рече Филипче.