Граѓани денеска се собраа во паркот Жена борец спроти собранието на протестот против аерозагадувањето. Ова е втор протест организиран од граѓанската иницијативата Канцерогено општество. Еден од организаторите Кристијан Узунов, рече дека ако не се свика итна седница на владата и не се искористат сите расположиви средства за справување со проблемот со аерозагадувањето тие се подготвени да преземат и други мерки.
“Ако не не сфатат сериозно ќе мораме да ги радикализираме протестите, за чекорите ќе се договориме дополнително, но ја поддржуваме иницијативата во рок од 15 денови, ако не мрдне сосотојбата од мртва точка, да дадеме целосна поддршка и да блокираме. Дали тоа ќе биде Град Скопје или клучките во градот Скопје, нешто ќе се смисли, но ќе мора да се дејствува на поинаков начин за да не сфатат малку посериозно”, рече Узунов.
Тие бараат секојдневен отчет од министерот за животна средина и неговиот заменик за тоа што сработеле. За ралика од првиот протест кога од пред Собранието заминаа кон Владата, насобраните денеска одлучија да останат пред законодавниот дом и да ја блокираат улицата.