Американка Кристел Канделарио (31) е обвинета затоа што ја оставила својата 16-месечна ќерка сама дома за да оди на одмор.
Инспекторите објавија дека детето било без надзор десет дена, а потоа починало. Се тврди дека нејзината мајка била на одмор во Порторико и Детроит.
Детективот Телемон Пауел рече дека Канделарио сведочела дека ја оставила својата ќерка сама дома, без надзор. Им кажала дека по враќањето дома ја затекнала ќерката, како што нагласила, екстремно дехидрирана.
Пауел посочил дека ќебињата и пелените биле многу валкани, полни со урина и измет. Канделарио е во притвор, а нејзината кауција е одредена од еден милиони долари.
Од ноември 2022 година, таа работела во основно училиште во Кливленд, а локалните медиуми објавија дека подоцна била отпуштена. Еден од нејзините соседи изјавил дека не е првпат да ја остави ќерка си сама, пренесува весникот „Индипендент“.
TERRIBLE—A mother in Ohio has been charged with murder after she left her 16 month old baby at home for a week while she vacationed in Puerto Rico and Detroit.
Kristel Candelario of Cleveland, left her baby home alone in a Pack and Play from June 8 to June 16.
When Candelario… pic.twitter.com/t2fDTDjRzM
— Amiri King (@AmiriKing) June 21, 2023