Ужас во Загреб: Со секира нападнал жена и бебе – девојчето починало, а него го прегазил автомобил

by fokus

Маж на возраст од 41 година доцна синоќа во Загреб со секира нападнал жена (41) и дете (1,5), побегнал и се фрлил под автомобил. Како што пренесуваат хрватските медиуми, човекот синоќа отишол во куќата во која живеела неговата поранешна партнерка (41) со дете.

Почнала жестока расправија по која тој со секира ги нападнал и нејзе и бебето.

Мајката и девојчето биле пренесени во болници, но детето не било спасено и покрај интензивните напори на лекарите.

Мажот побегнал во непознат правец и завршил на обиколницата каде под неразјаснети околности непознато возило налетало и го усмртило на лице место. Во тек е полициска истрага за утврдување на сите околности, а случајот ќе го соопшти и полициската управа во Загреб.

Поврзани новости