Ужас во скопско училиште: Се соблекувал пред учениците и наставничката

by Fokus

Денеска претпладне, директорка на Основно училиште во Скопје пријавила дека непознато машко лице се соблекувало до спортскиот терен на школото.

„На 14.12.2022 во 11.30 часот М.В.С.(41) од Скопје (директорка на основно училиште) пријавила дека во кругот на основно училиште на подрачјето на Центар, поточно до спортскиот терен, непознато лице се соблекувало, а било забележано од ученици и наставничка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости