Ужас во скопска населба: Прегазиле човек, го ограбиле, го фрлиле во слепа улица и починал

by Fokus

70-годишниот Ахмед Кокица пред две недели излегол од работа, кога на пат кон дома и бил прегазен од автомобил на крстосница во скопската населба Топанско поле, пишува Алсат.  Според членовите на семејството, луѓето кои биле во автомобилот, наместо да му укажат помош и да го однесат во болница, го ограбиле старецот и го оставиле во слепа улица. Тој паднал во кома и починал по неколку дена.

Ахмед работел во угостителски објект до 22 часот и тргнал кон дома, но ноќта на 12 мај не се вратил. Роднините не можеле да го добијат на мобилниот телефон зашто виновниците веројатно го фрлиле.

„Според првите информации на докторката тој ден кога отидовме во болницата, кажувајќи ни го случајот, таа рече дека починатиот бил прегазен на пешачки премин. Сомнежите се дека го прегазиле, го зеле и го фрлиле во слепата улица“, изјави за Алсат неговиот роднина Шемун Амети.

Поврзани новости