Ужас во САД: Изгореа 10 лица во пожар, меѓу нив и деца

by Fokus

Десет лица, меѓу кои три мали деца, вчераутро загинале во пожар во куќа во руралните делови на источна Пенсилванија, соопшти државната полиција.

Британските медиуми пренесуваат дека пожарот избувнал околу 2:45 часот по полноќ во Нескопек, мала земјоделска заедница во округот Луцерн, крај реката Сускехана, во североисточниот дел на Пенсилванија.

Телата на сите 10 жртви се пронајдени во урнатините на куќата.

Меѓу загинатите има седум возрасни лица на возраст од 18 до 79 години, заедно со тројца малолетници – две момчиња на возраст од пет и шест години и едно седумгодишно девојче, соопшти локалната полиција.

Три возрасни лица ја напуштиле куќата неповредени, се додава во соопштението на полицијата.

Поврзани новости