Ужас во Романија: Ја претепал роднината, па жива ја запалил!

by Фокус

Педесет и четири годишна жена почина денеска во болница во Букурешт откако нејзин роднина ја претепал и ја запалил во влез на зграда, јавуваат локалните медиуми.

Камерите го снимиле моментот кога жената била брутално претепана од нејзиниот внук, а подоцна и запалена на скалите во блокот каде што живеела.

На видеата се гледа како маж чека жена, која била и управителка на блокот, во приземјето на зградата.

Најпрво изгледа дека двајцата водат жесток разговор, по што лицето почнува брутално да ја тепа и да ја полева со бензин.

Жената се обидува да се врати во блокот, при што нејзиниот внук повторно брутално ја удира, овој пат со нога напред.

Таа паѓа на земја и ја удира главата на скалите. Сосетката се обидува да го смири конфликтот, но кога сфаќа што следува, бега по скалите.

Тоа е моментот кога мажот ја запали жената. Потоа тој бега од местото на настанот.

Поведена е кривична постапка за квалификувано убиство со бруталност.

Поврзани новости