Ужас во Романија: Двегодишно девојче по кое се трагаше од вчера, утрово пронајдено мртво

by Fokus

Двегодишно девојче по кое од вчера се трагаше во Романија, утрово е пронајдено мртво, пренесуваат романските медиуми.

Телото на малата Раиса Марија, со траги на насилство било пронајдено во нива на околу 400 метри од нејзиниот дом.

- Advertisements -

Девојчето исчезнало вчера во раните попладневни часови, додека си играла со другите деца во дворот. Родителите најпрво мислеле дека таа отишла кај дедото, чија куќа е на само неколку метри. Меѓутоа, набрзо сфатиле дека детето никогаш не стигнало до својот дедо.

Потрагата започнала веднаш. Во текот на целата ноќ на терен беа повеќе од 150 полицајци, волонтери и граѓани, а во потрагата беа вклучени хеликоптер, дронови и кучиња трагачи. За жал, телото на девојчето било пронајдено утрово околу 10 часот, а се претпоставува дека е убиена.

Според романските медиуми, телото на девојчето било пронајдено во густа вегетација.

Засега не е познато дали некој е приведен. Полицијата само соопшти дека телото е пронајдено и дека истрагата е во тек.

Пред само два дена Романија ја потресе веста за смртта на осумгодишното девојче Марија, која беше силувана и убиена, а нејзиното тело потоа беше фрлено во атар на селото. За убиството е осомничен братот на нејзиниот очув.

Поврзани новости