74
Две девојчиња на возраст од 3 и 4 години, во тешка состојба со хеликоптер биле пренесени во романска болница, откако нивната мајка ги капела со непознат раствор, пренесуваат тамошните медиуми.
Инцидентот се случил во градот Таргу Фрумос, во регионот Јаши, на истокот на земјата.
-Едното девојче падна во кома, додека другото беше реанимирано. Со хеликоптер се пренесени во болницата „Света Марија“ од Јаши – соопшти докторката на Итната служба во Јаши, Дијана Цимпоешу.
Полицајците од руралната полиција на градот Таргу Фрумос биле алармирани за случајот од мајката. Во тек е истрага за да се испита како дошло до овој инцидент, како и кој раствор бил употребен, што можел да доведе до такви последици.