287
Осумдесетгодишен прилепчанец денеска бил пронајден мртов на фарма со свињи во Прилеп.
На местото на настанот пристигнала екипа на Итната медицинска помош каде што го затекнала телото и констатирала смрт. Констатирано било и дека делови од телото на мажот биле изедени од свињи.
Обдукцијата на телото треба да ги покаже причините за смртта, а се претпоставува дека човекот починал пред два дена.
ОЈО Прилеп соопшти дека телото на починатиот го пронашол неговиот син.