Ужас во познато летувалиште во Египет: Ајкула смртно нападнала Австријка

by Fokus

Елизабет Скваер (68) од Австрија била нападната од ајкула во близина на познатото египетско летувалиште Хургада.

Таа вчера вечер со тешки повреди била пренесена во болница, но и покрај напорите на лекарите, за жал починала.

Жртвата на предаторот живела во Хургада и била во брак со Египќанец.

Целиот инцидент се случил во близина на познатото летувалиште.

Според „Дејли мејл“, плажата веднаш била затворена три дена , а инцидентот се случил пред капачите кои постојано прашувале каде се спасувачите.

Поврзани новости