Осумнаесетгодишно девојче од Нови Сад околу полноќ го избола до смрт својот 30-годишен тетин, пренесува српски „Блиц“. Како што се наведува, на убиството му претохдела расправија.
Новинарите на „Блиц“ биле на самото место кога дошла сопругата на починатиот, која видно потресена и со солзи во очите рекла дека не може ништо да коментира.
Околу 23 минути по полноќ, итната помош добила повик за убод со остар предмет.
„По пристигнувањето на екипата, при прегледот беа констатирани убодни рани со остар предмет. Првично беа почнати мерки за реанимација, но, за жал, безуспешно“, известија за „Блиц“ од новосадската итна помош, која можеше само да констатира смрт.
На О. Ш. ѝ е одреден притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведена кај повисокиот јавен обвинител во Нови Сад, дознава „Блиц“.