Ужас во Јапонија: Тинејџерка скокна од 12-кат, падна врз жена и ја уби

by Fokus

Две лица загинаа во јапонскиот град Јокохама откако тинејџерка скокнала од трговски центар и паднала врз пешак.

Тинејџерка (17) скокнала од зграда во преполн шопинг кварт, удирајќи врз 32-годишна жена која била излезена со пријателите во саботата вечерта.

Двете веднаш биле пренесени во болница, а на тинејџерката ѝ е констатирана смрт еден час подоцна. Набргу потоа починала и жената (32).

Повеќе луѓе помлади од 18 години во Јапонија се убиваат на 1 септември – непосредно пред новата учебна година – отколку во кој било друг ден, според официјалната статистика.

Минатата година, 513 деца си го одзедоа животот во Јапонија, а како најчест фактор беа наведени „училишните проблеми“.

Учениците кои не сакаат да се вратат на училиште се познати како футоко, или „луѓе кои не одат на училиште“, пренесува Би-Би-Си.

Главните причини поради кои овие тинејџери избегнуваат училиште се семејните ситуации, личните проблеми со пријателите и малтретирањето, покажа претходната студија на Министерството за образование.

Во последниве години, властите и медиумските организации се обидуваат да ја подигнат јавната свест за предизвиците со кои се соочуваат учениците во овој период од годината.

Последниот инцидент во Јокохама отсликува слична епизода во 2020 година, кога 17-годишно момче скокна од покривот на трговски центар, убивајќи 19-годишна студентка во прометната област Осака.

Во тоа време, момчето беше постхумно обвинето за убиство од небрежност, што значи дека неговото семејство му должи отштета на семејството на жртвата што ја убил. Сепак, обвинението беше отфрлено набргу потоа.

Властите досега не посочија каква било вина за смртта во саботата вечерта.

Јапонија е единствената земја од Г7 каде што самоубиството е водечка причина за смрт кај тинејџерите.

Поврзани новости