Страшен случај ја потресе Хрватска, откако во близина на Вараждин биле пронајдени закопани две бебиња, а нивните родители се приведени.
Голем број припадници на полицијата и други служби извршиле ископувања при што биле пронајдени двете тела на новороденчиња.
Веста ја потврди и градоначалникот на таа општина.
– Ексхумацијата е во тек врз основа на полициската истрага. Едното тело го пронашле, а другото го бараат во дворот од семејната куќа. Тоа семејство не е од тука, се преселиле овде, па ни се непознати. Не знам како полицијата ги добила овие сознанија или детали од истрагата. Полицијата ги има сите информации и ќе видиме што навистина се случило, дали причината за смртта е неухранетост или нешто друго – изјави началникот пред откопувањето на телото на второто бебе.
Неофицијално, соседите велат дека во изминатиот период се случувало нешто чудно и забележале дека третото дете што го добиле било неухрането.