Ужас во Грција: Србинка го убила сопругот, го закопала и го пријавила за исчезнат

by Fokus

Српската државјанка (34), која е во шестиот месец од бременоста, е уапсена во грчкото одморалиште Лептокарија, под сомнение дека пред пет месеци го убила својот сопруг Костас Сијамитрас (58), а потоа се обидела да го прикрие страшното злосторство.

Според грчките медиуми, несреќниот маж бил пријавен за исчезнат на 2 септември минатата година, а неговата сопруга, која со месеци пред камерите се однесувала загрижено и очајно, била уапсена во четвртокот.

По апсењето, откриваат, се скршила и признала дека при расправија го оттурнала сопругот, кој ја удрил главата и починал. Таа тогаш признала дека го закопала неговото тело во дворот на семејната куќа.

„Таа ги водеше инспекторите до местото каде што го закопа нејзиниот сопруг, во дворот зад нивната куќа. Форензичарите пристигнаа на местото на настанот и по ископувањето на теренот, на длабочина од околу 40 сантиметри пронајдоа човечки останки, череп и лопатка“, потврдија грчките медиуми од истрагата.

За време на петте месеци од потрагата по Костас Сијамитрас, неговата сопруга се огласувала во медиумите и се појавувала во ТВ емисии.

„Таа рече дека и недостигаше Костас, дека куќата е празна, дури рече дека е очајна, моли за помош бидејќи „нивниот син постојано го бара својот татко“. Таа изнесе теории дека нејзиниот сопруг можеби му се слошило затоа што имал проблеми со дишењето, дека можеби колабирал и дека никој не му помогнал. Таа дури изјавила: „Се плашам дека е болен. Никогаш не би повредил никого. Никогаш не би отишол никаде сам, бидејќи не може да поднесе долго да се одвои од нашиот син“, пишуваат грчките медиуми.

Меѓутоа, додека таа ја играше улогата на загрижена сопруга, инспекторите интервјуираа сведоци, вклучувајќи го и нивниот тригодишен син, и собираа докази. Кога ги составиле парчињата, ја уапсиле Србинката.

На распит, велат, се скршила и го признала делото.

Поврзани новости