Специјалните полициски сили опколија училиште во Германија откако вооружен маж, за кој се верува дека е на возраст меѓу 16 и 18 години, влегол во зградата. Целта му била ученичка, но сега таа е безбедна. Полицијата и хеликоптерите интензивно трагаат по осомничениот.
Инцидентот во училиштето поттикна итна полициска акција за заштита на учениците и вработените. Ситуацијата е под контрола, а ученичката која била цел сега е на безбедно и соработува со полицијата.
Според информации, осомничениот е поранешно момче на ученичката и не посетува исто училиште. Неговиот идентитет се уште не е потврден, но потрагата по него е во тек.
#BREAKING 🇩🇪German police have surrounded a school in North Rhine-Westphalia following reports that a teenage boy armed with a gun targeted a schoolgirl, who is believed to be his girlfriend, according to Bild. Heavily armed special forces are securing the area to ensure… pic.twitter.com/UWlvckgy68
— 凤凰欧洲 PhoenixCNE News (@PhoenixCNE_News) February 12, 2025
Сите ученици се надвор од животна опасност, а полицијата постави линија за поддршка за сите погодени од инцидентот. Полицијата и службите за итна помош се на терен, обезбедувајќи помош и поддршка на учениците и училишниот персонал.
-Ученичката која беше цел е тука и дава изјава. „Во моментов трагаме по едно лице во центарот на градот“, рече портпаролот на полицијата, потврдувајќи дека ситуацијата е под контрола и дека интензивно се работи на пронаоѓање на осомничениот.