Ученик во средно училиште во Германија уби соученичка по претходна расправија, пренесуваат германските медиуми.
Трагедијата се случила денеска по 10 часот во средното училиште Ловенорт во Сент Леон Рот, пренесува Билд. Се претпоставува дека се работи за конфликт меѓу двете лица кои претходно се познавале.
Според германските медиуми, напаѓачот е во бегство и по него интензивно се трага.
BREAKING: Police and emergency services responding to incident at high school in St. Leon-Rot in Rhein-Neckar district of Baden-Württemberg state https://t.co/WtkqpmNCeo
— I.E.N. (@BreakingIEN) January 25, 2024
Според полицискиот штаб на Мејнхам, средното училиште било евакуирано, а учениците биле пренесени на безбедно место. На местото на настанот пристигнале голем број полицајци, како и спасувачки хеликоптер кој требало да го пренесе девојчето во болница, но таа од тежината на повредите починала на лице место.