На денешната седница Владата го утврди текстот на Договорот за услови за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан. Договорот има за цел да им овозможи на граѓаните на Северна Македонија, Албанија и Србија пристап до електронските услуги на националните портали на овие земји преку креирање на електронска идентификација „Отворен Балкан“ остварување на можноста за пристап до пазарот на труд во трите земји.
– На оваа седница е утврден е текстот на Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан, кој, кога ќе биде ратификуван од Северна Македонија, Албанија и Србија, ќе им овозможи на граѓаните од овие три земји слободно да се движат и да работат во секоја од нив, соопштија од Влада.
Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан е резултат на иницијативата „Отворен Балкан“ за поедноставување на процедурите за еднаков пристап до пазарот на трудот во регионот по примерот на ЕУ, со што се прави чекор повеќе кон прифаќање на вредностите и практиките во Европската Унија.